Ömer Aydın
13 Декември 2016•Ажурирај: 14 Декември 2016
ПАРИЗ (АА) - Министерот за надворешни работи на Франција, Жан-Марк Еро повика Обединетите нации (ОН) и меѓународната заедница да ги преземат неопходните мерки за да се расветли ситуацијата во Алепо и злосторствата да не останат неказнети, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението од француското Министерство за надворешни работи се вели дека развојот на настаните во Алепо во последните неколку дена се следи со загриженост.
„Добиваме многу вести за масакри за кои се тврди дека ги вршат силите на Асад. Тоа се вести за убивање семејства, жени, деца, палење живи луѓе во нивните домови, напаѓање болници во кои се наоѓаат персоналот и пациентите“, се вели во соопштението.
Во него се истакнува дека совеста не може да се справи со овој хорор и дека итно треба да се стави крај на нападите во Алепо.
Во соопштението се нагласува дека поддржувачите на режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад, пред сѐ Русија, треба да престанат со одобрување и поддршка на применувањето систематски терор за да не бидат соучесници во злочинот. Исто така, смета француското Министерство, треба да вложиме максимални напори за да се запрат нападне во Алепо, а болката на населението да се ублажи.
Покрај тоа, во соопштението е дадена и изјава од министерот Еро, кој ја повика меѓународната заедница да реагира.