свет

Израел лансираше разузнавачки сателит во вселената

Разузнавачкиот сателит „Офек-16“ ќе се користи за разузнавачки цели, а се вели дека овој сателит е електрооптички извидувачки сателит со висок капацитет

Mustafa Deveci  | 06.07.2020 - Обновена : 06.07.2020
Израел лансираше разузнавачки сателит во вселената

КУДС (АА) - Израел соопшти дека лансирале разузнавачки сателит што има способност да снима со висока резолуција, со цел осигурување на военото разузнавање, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според писменото соопштение на Министерството за одбрана на оваа земја, разузнавачкиот сателит „Офек-16“, произведен во партнерство на ова министерство со Вселенската индустрија на Израел, денес беше лансиран во 4:00 часот по локално време, и успешно беше позициониран во орбитата.

„Офек-16“ ќе се користи за разузнавачки цели, а се вели дека овој сателит е електрооптички извидувачки сателит со висок капацитет.

Министерот за одбрана на Израел, Бени Ганц, нагласи дека овој сателит е важен успех за Министерството и за Вселенската индустрија на Израел.

„Во секое место и на секој фронт ќе продолжиме со зајакнување на способностите на Израел“, додаде Ганц.

Локалните медиуми нагласија дека овој сателит ќе биде користен за набљудување на нуклеарните активности на Израел.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.