Израел тврди дека го убил шефот на разузнавањето на иранските сили Басиџ
Претходно оваа недела, Голамреза Солејмани, командант на иранските сили Басиџ, исто така беше убиен во воздушен напад врз Иран
ИСТАНБУЛ (АА) – Израелската армија денес соопшти дека нејзините сили го убиле Есмаил Ахмади, началник на разузнавачката дивизија на иранските сили Басиџ, во воздушен напад врз иранскиот главен град Техеран, пренесува Анадолу.
Армијата го соопшти ова преку објава на американската компанија за социјални медиуми X.
Претходно оваа недела, Голамреза Солејмани, командант на иранските сили Басиџ, исто така беше убиен во воздушен напад врз Иран.
Откако Израел и САД започнаа заеднички напади врз Иран на 28 февруари, во кои досега загинаа околу 1.300 луѓе, вклучувајќи го и тогашниот врховен лидер ајатолахот Али Хамнеи, непријателствата ескалираа.
Иран возврати со напади со беспилотни летала и ракети насочени кон Израел, Јордан, Ирак и земјите од Персискиот Залив каде има американски воени бази.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
