свет

Израелската Армија уби 5 Палестинци во градот Рафа во јужна Газа

Армијата тврди дека нејзините сили од борбениот тим на бригадата Нахал откриле пет вооружени мажи како излегуваат од подземна инфраструктура во источна Рафа, на југот од Појасот

Rania R.a. Abushamala  | 21.11.2025 - Обновена : 21.11.2025
Израелската Армија уби 5 Палестинци во градот Рафа во јужна Газа

ЕРУСАЛИМ/ИСТАНБУЛ (АА) — Израелската Армија денес соопшти дека убила петмина Палестинци, тврдејќи дека излегле од тунел во градот Рафа во јужна Газа, во областите што Израел ги окупира во енклавата според договорот за прекин на огнот, јавува Анадолу.

Во соопштението, Армијата тврди дека нејзините сили од борбениот тим на бригадата Нахал откриле пет вооружени мажи како излегуваат од подземна инфраструктура во источна Рафа, на југот од Појасот.

Градот Рафа се наоѓа во областите окупирани од израелската Армија источно од она што е познато како „жолта линија“, како што е предвидено во договорот за прекин на огнот што стапи на сила на 10 октомври.

Со денови, израелските медиуми објавуваат дека околу 200 борци на Хамас се заробени во тунел во Рафа и дека Тел Авив досега не одговорил на барањата од палестинската група и медијаторите да им овозможи безбеден премин до областите под контрола на движењето во рамките на Појасот Газа.

Од октомври 2023 година, израелската Армија уби речиси 70.000 луѓе во Газа, претежно жени и деца, повреди над 170.800, а енклавата ја претвори во урнатини.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.