свет

Израелската армија продолжува со уништување станбени згради и артилериско гранатирање врз Газа

- Очевидци за Анадолу изјавија дека израелската армија дигнала во воздух неколку станбени згради во населбата Шуџаја во градот Газа, која се наоѓа во жолтата зона контролирана од војската.

Betül Yılmaz  | 26.11.2025 - Обновена : 26.11.2025
Израелската армија продолжува со уништување станбени згради и артилериско гранатирање врз Газа Фото: Архива (АА)

ГАЗА/ ИСТАНБУЛ (АА) - Израелската армија денес продолжи со гранатирање и уривање згради во областите под нејзина контрола во северниот и јужниот дел на Појасот Газа, со што го прекрши договорот за прекин на огнот, јавува Анадолу.

Очевидци за Анадолу изјавија дека израелската армија дигнала во воздух неколку станбени згради во населбата Шуџаја во градот Газа, која се наоѓа во жолтата зона контролирана од војската.

Израелската артилерија гранатираше области контролирани од армијата во источните делови на Хан Јунис во јужна Газа, според очевидци.

Немаше извештаи за жртви во нападите.

Со недели областите што се под контрола на армијата во Појасот Газа како дел од прекинот на огнот се соочуваат со секојдневно гранатирање и уривање, а Израел тврди дека ја таргетира инфраструктурата на Хамас.

Од октомври 2023 година израелската армија уби речиси 70.000 луѓе во Газа, повеќето жени и деца, а повреди околу 171.000 лица во повеќе од двегодишната војна што го остави поголемиот дел од енклавата во урнатини.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.