живот

Рибарите во Газа се борат за опстанок додека израелските ограничувања ја попречуваат нивната работа

- Риболовот покрај брегот на Газа е речиси целосно запрен поради строгите ограничувања што ги наметнува Израел, а во повторените напади сериозно се оштетени чамците и опремата на рибарите, оставајќи ги без нивниот примарен извор на приход

Aida Cako  | 25.11.2025 - Обновена : 25.11.2025
Рибарите во Газа се борат за опстанок додека израелските ограничувања ја попречуваат нивната работа

ГАЗА (АА) - Риболовот покрај брегот на Газа е речиси целосно запрен поради строгите ограничувања што ги наметнува Израел, а во повторените напади сериозно се оштетени чамците и опремата на рибарите, оставајќи ги без нивниот примарен извор на приход и ограничувајќи ги да фрлаат мрежи во плитки води под строг надзор на израелската морнарица, јавува Анадолу.

Рибарот Мухамед ен-Несри рече дека пред конфликтот можеле да патуваат 4-5 наутички милји од брегот, но сега им е забрането да се движат подалеку од 1 милја. Тој истакна дека израелските воени бродови отвораат оган доколку рибарите ја преминат наметнатата граница, принудувајќи ги да се потпрат на дојдовните бранови за да ги извлечат мрежите на брегот.

Уловот, додава тој, е многу мал – понекогаш само една или две риби – и тоа по долги часови поминати на студ или жештина, без можност за нормална работа.

Рибарот Јусуф Абу Атави објаснува дека нивните чамци, мотори и мрежи биле уништени во бомбардирањата или изгубени во морето за време на израелските напади. Без соодветна опрема, тие денес се принудени да се потпираат на основни рачни техники, секојдневно изложени на ризик.

И двајцата рибари посочуваат дека и покрај драматично влошените услови, продолжуваат да се обидуваат да соберат колку што можат за да преживеат.

Изразуваат надеж дека еден ден ќе добијат непречен пристап до морето и ќе можат да се вратат на својата работа, но велат дека во овој момент нема безбедни зони за риболов и дека повеќето семејства немаат средства да го обноват својот поморски алат.

Од октомври 2023 година израелската армија убила речиси 70.000 луѓе во Газа, најмногу жени и деца, а над 170.900 се повредени во двегодишната војна што ја остави енклавата во урнатини.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın