свет

Извештај: САД се соочуваат со недостиг на ракети во услови на офанзивата врз Иран

- Вашингтон се подготвува за „значително зголемување“ на нападите во наредните 24 часа, додека залихите на ракети и системи за пресретнување се намалуваат.

Asiye Latife Yılmaz  | 03.03.2026 - Обновена : 03.03.2026
Извештај: САД се соочуваат со недостиг на ракети во услови на офанзивата врз Иран

ИСТАНБУЛ (АА) - САД се соочуваат со недостиг на клучни ракетни залихи, вклучително и крстосувачки ракети „Томахок“ и пресретнувачи ЦМ-3, во услови на тековната американско-израелска офанзива врз Иран, објави „Си-ен-ен“, јавува Анадолу.

Повикyвајќи се на висок американски официјален претставник, медиумот вчера објави дека Вашингтон се подготвува за „значително зголемување“ на нападите во наредните 24 часа, додека залихите на ракети и системи за пресретнување се намалуваат.

Според истиот извор, првиот бран напади наводно успеал да ги ослаби иранските одбранбени капацитети. Во следната фаза, како што се наведува, фокусот ќе биде ставен на ракетните производствени капацитети на Иран, беспилотните летала и поморските сили.

Пентагон, исто така, се соочува со недостиг на ракети „Патриот“, со оглед на тоа што украинската противвоздушна одбрана во изминатите четири години од војната со Русија искористила значителен дел од американските залихи.

„Од саботата, заедничката кампања на САД и Израел даде значајни резултати“, соопшти Централната команда на САД, додавајќи дека сите 11 ирански бродови во Оманскиот Залив биле уништени.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека биле убиени 49 ирански лидери, меѓу кои и врховниот лидер Али Хаменеи.

Американски бомбардери Б-2, исто така, извршиле напади врз зајакнати ирански постројки за балистички ракети во текот на ноќта кон неделата.

Во меѓувреме, најмалку шест американски војници се убиени, а 18 други се сериозно повредени од почетокот на операциите.

Иран возврати со напади со дронови и ракети врз земји од Заливот каде што се наоѓаат американските бази.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.