Земјотрес со јачина од 5 степени ја погоди Индонезија
- Упатено е предупредување до населението за можни последователни потреси

ЏАКАРТА
Земјотрес со јачина од 5 степени ја погоди индонезиската покраина Северно Малуку, пренесува Anadolu Agency (AA).
Управата за метеорологија, клима и геофизика на Индонезија (BMKG), соопшти дека епицентарот на земјотресот со јачина од 5 степени бил на отворени води, на 152 километри југозападно од местото Тернате, на длабочина од 10 километри.
Управата за метеорологија, клима и геофизика и Пацифичкиот центар за цунами, по земјотресот не издадоа предупредување за цунами.
Според првичните сознанија, нема жртви или повредени во земјторесот.
Упатено е предупредување до населението за можни последователни потреси.
Инаку, во земјотресот со јачина од 7,3 степени кој се случи на 14 јули во местото Тернате, смртно настрадаа 6 лица.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.