Земјотрес од 6 степени ги потресе Вулкански Острови во Јапонија
- Земјотресот бил на длабочина од 20 километри
ИСТАНБУЛ (AA) – Земјотрес со јачина од 6 степени денес ги потресе Вулкански Острови во Јапонија, при што нема жртви и не е предизвикана материјална штета, соопшти Германскиот истражувачки центар за геонауки, пренесува Анадолу.
Земјотресот се случил во 03:55 часот (ГМТ) во северниот дел на Тихиот Океан, на длабочина од 20 километри, на околу 283 км од Северните Маријански Острови.
Епицентарот првично бил утврден на 23,12 степени северна географска ширина и 144,30 степени источна географска должина.
