Зголемено нивото на тревога за вулканот Гередонг во Индонезија
- Зголемено е нивото на тревога за вулканот Гередонг во покраината Ачех, Индонезија, поради зголемена сеизмичка активност
БАНДА АЧЕХ (АА) - Зголемено е нивото на тревога за вулканот Гередонг во покраината Ачех, Индонезија, поради зголемена сеизмичка активност, известува Анадолу.
Лана Сарија, вршител на должноста раководителка на Агенцијата за геологија при индонезиското Министерство за енергетика и минерални ресурси, даде изјава во врска со вулканската активност.
Сарија информираше дека сеизмографите детектирале седум плитки вулкански земјотреси, 14 длабоки вулкански земјотреси и два тектонски земјотреса.
Таа истакна дека набљудувањата укажуваат на зголемена вулканска активност кај вулканот Гередонг и затоа нивото на тревога е зголемено од ниво три на ниво два, упатувајќи предупредување од можен ризик од вулканска ерупција.
Според веста што ја објави Антара њуз, две села околу вулканот Гередонг се евакуирани бидејќи поројните дождови во комбинација со вулканска активност би можеле да ја влошат ситуацијата и да ја отежнат евакуацијата.
Индонезија, која се наоѓа во тихоокеанскиот огнен прстен, зона на земјотреси и вулкани, има приближно 130 активни вулкани.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
