свет

Вулканот Етна продолжува да исфрла лава, отворена нова пукнатина на источната страна

Иако експлозивната активност на врвот се намали, вчера се отвори нова еруптивна пукнатина, на околу 2.000 метри, на источниот дел од вулканот, испуштајќи проток на лава во Вале дел Бове

Elena Trenchevska Chekovic  | 02.01.2026 - Обновена : 02.01.2026
Вулканот Етна продолжува да исфрла лава, отворена нова пукнатина на источната страна Фото: Salvatore Allegra/AA

КАТАНИЈА (АА) - Вулканската активност на италијанскиот вулкан Етна продолжува по пароксизмите кон крајот на декември 2025 година во североисточниот кратер во Катанија, јавува Анадолу.

Иако експлозивната активност на врвот се намали, вчера се отвори нова еруптивна пукнатина, на околу 2.000 метри, на источниот дел од вулканот, испуштајќи проток на лава во Вале дел Бове.

Експертите ја следат латералната ефузивна активност, која е оддалечена од населените области и не претставува непосредна закана.

Нивото на тревога останува портокалово, а Меѓународниот аеродром во Катанија е целосно оперативен без влијание врз воздушниот сообраќај.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın