ЕУ во листата на санкции вклучи уште 7 министри на Асадовиот режим
На листата се наоѓаат и 70 институции. Санкциите вклучуваат забрана за патување и замрзнување на имотите.

БРИСЕЛ (АА) - Европската Унија (ЕУ), на листата на лица против кои ќе се применуваат санкции, вклучи уште седум новоименувани министри на Асадовиот режим во Сирија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на Европскиот совет, со последното дополнување, бројот на лица од редовите на Асадовиот режим против кои ќе се применуваат санкции се зголеми на 280.
На листата исто така се наоѓаат и 70 институции. Санкциите вклучуваат забрана за патување и замрзнување на имотите.
Во рамки на рестриктивните мерки кои ЕУ од 2011 година ги применува против режимот се вклучени и забрана за увоз на нафта и на некои инвестиции, замрзнување на имотите на Централната банка на Сирија во ЕУ, како и ограничување на режимот да извезува опрема и технологии кои се користени во вршењето притисок врз народот и во спречувањето на комуникацијата.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.