свет

Европскиот парламент ќе гласа за претседател на Европската комисија

Доколку Вон дер Лејен не успее да добие мнозинство од гласовите, Европскиот совет за еден месец ќе предложи нов кандидат.

Diyar Güldoğan   | 16.07.2019
Европскиот парламент ќе гласа за претседател на Европската комисија

АНКАРА (АА) - Европскиот парламент денеска ќе гласа за именување на Урсула вон дер Лејен за претседателка на Европската комисија, јавува Anadolu Agency (AA).

Доколку биде избрана, германската министерка за одбрана ќе биде првата жена која ќе биде на чело на Комисијата.

За да стане претседателка, таа мора да обезбеди поддршка на апсолутно мнозинство од членовите на Европскиот парламент (најмалку 347 гласа). Гласање ќе се изврши тајно.

Доколку Вон дер Лејен не успее да добие мнозинство од гласовите, Европскиот совет за еден месец ќе предложи нов кандидат.

„Пред речиси 40 години, #SimoneVeil стана првата претседателка на @Europarl_EN. Доколку Европа беше жена, тогаш Европа ќе беше Симон Вејл. Што можеме да направиме денес за да обезбедиме дека можеме да ја живееме нејзината визија за обединета и мирољубива Европа во иднина? #EuropeIsAWoman“, напиша таа на социјалната мрежа Твитер.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.