свет

Двајца турски инженери се наоѓаат меѓу загинатите во нападите во Шри Ланка

„Во експлозиите што одекнаа во три цркви и три хотели за време на прославувањето на празникот Велигден повредени се 402 лица“, изјави за АА Анил Џасинге, директор на Националната болница во Коломбо.

Zehra Nur Düz  | 21.04.2019 - Обновена : 21.04.2019
Двајца турски инженери се наоѓаат меѓу загинатите во нападите во Шри Ланка ( Foto: Chamila Karunarathne - Anadolu Agency )

Ankara

АНКАРА (АА) - Двајца турски инженери се наоѓаат меѓу лицата кои ги загубија своите животи во денешните терористички напади во Шри Ланка, јавува Anadolu Agency (AA).

„Во експлозиите што одекнаа во три цркви и три хотели за време на прославувањето на празникот Велигден повредени се 402 лица“, изјави за АА Анил Џасинге, директор на Националната болница во Коломбо.

Тој рече дека поголемиот дел од повредените се лекуваат во Националната болница во Коломбо, додека другите се префрлени во Јужна болница во Коломбо.

Цел на нападите беа цркви во местата Кочхикаде, Негомбо и Батикалоа, како и хотелите „Шангри ла“, „Кинамон гранд“ и „Кингсбури“ во главниот град Коломбо.

Ниту една група не презеде одговорност за нападите.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.