свет

Германски екс-канцелар ги спореди американско-израелските напади врз Иран со Виетнамската војна

„Тоа што Американците и Израелците го прават таму, според мене, е поразително. Во основа е војна која исто така се води од идеолошки причини...“

Oliver Towfigh Nia  | 20.03.2026 - Обновена : 20.03.2026
Германски екс-канцелар ги спореди американско-израелските напади врз Иран со Виетнамската војна

БЕРЛИН (АА) - Поранешниот германски канцелар Герхард Шредер денес го спореди американско-израелскиот воен напад врз Иран со Виетнамската војна, нарекувајќи го „поразителен“, пренесува Анадолу.

„Тоа што Американците и Израелците го прават таму, според мене, е поразително. Во основа е војна која исто така се води од идеолошки причини, војна која навистина не може да се добие и која многу ме потсетува на Виетнамската војна”, изјави Шредер за дневниот весник „Зидојче цајтунг“.

- Отпорноста на моќната структура во Иран е потценета -

„Овде, од перспектива на многу Иранци, нападнат е претставник на Бога, така да се каже, а не само лидерот на една нормална цивилна влада“, додаде тој.

Шредер го поздрави ставот на канцеларот Фридрих Мерц, за одбивањето да им обезбеди воена поддршка на САД, во војната со Иран.

На прашањето дали Германија треба да учествува во воената интервенција за обновување на нафтената испорака низ Ормускиот Теснец, кој е блокиран од страна на Иран, екс канцеларот изјави: „Тоа не смеете да го направите, под никакви околности.”

Во 2003 година, како тогашен канцелар од редот на социјалдемократите, Шредер се спротивставил на германското учество во американската инвазија на Ирак.

Во тоа време, Американците ја формираа „Коалицијата на волните“, на која ѝ се придружија некои европски сојузници, меѓу кои и Обединетото Кралство и Шпанија. Германија и Франција ја одбија воената мисија.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın