свет

Германија, Велика Британија и Франција го повикаа Иран да соработува со Меѓународната агенција за атомска енергија

„Го повикуваме Иран да престане со мерките што ја намалуваат транспаретноста и да обезбеди целосна и навремена соработка со ИАЕА“, се вели во соопштението на земјите.

Rabia İclal Turan   | 24.02.2021
Германија, Велика Британија и Франција го повикаа Иран да соработува со Меѓународната агенција за атомска енергија

ЛОНДОН

Германија, Велика Британија и Франција, го повикаа Иран да се откаже од својата одлука да го суспендира имплементирањето на дополнителниот протокол на Договорот за неширење на нуклеарното оружје (NPT), кој им дава посебни дозволи за ревизија на инспекторите на Меѓународната агенција за атомска енергија (IAEA), пренесува Агенција Анадолија (АА).

„Го повикуваме Иран да престане со мерките што ја намалуваат транспаретноста и да обезбеди целосна и навремена соработка со ИАЕА“, се вели во соопштението на земјите.

„Нашата цел останува да го зачуваме Заедничкиот сеопфатен план за акција (JCPOA) и да ги поддржиме тековните дипломатски напори за заедничко решение што ќе овозможи враќање на Иран и САД во целосна согласност со нивните обврски кон Сеопфатниот план за акција“, се додава во соопштението, во кое се повикува на Заедничкиот сеопфатен план за акција, попознат како Ирански нуклеарен договор, кој беше потпишан во 2015 година од Иран, САД, Кина, Русија, Франција, Велика Британија, Германија и ЕУ.

Земјите истакнаа дека чекорот на Иран е уште едно кршење на обврските на Техеран согласно Заедничкиот сеопфатен план за акција во врска со неговите нуклеарни активности.

Тие додадоа дека ова исто така ќе ја ограничи можноста на Меѓународната агенција за атомска енергија да ја следи и проверува нуклеарната програма на Иран и активностите поврзани со нуклеарната програма.

„Ние ги пофалуваме и целосно ги поддржуваме генералниот директор и Секретаријатот за нивните постојани напори за спроведување на потребната верификација и следењето на иранските нуклеарни обврски согласно Планот во сегашниот контекст, како што беше истакнато со посетата на генералниот директор на Техеран на 20 и 21 февруари.“


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.