свет

Во Шпанија за прв пат изречена затворска казна за објавување лажни содржини на социјалните мрежи

Судот во Барселона на лице кое во 2019 година објавило лажна содржина на Твитер му изрече затворска казна од 15 месеци, парична казна од 1.620 евра...

Şenhan Bolelli  | 08.11.2022 - Обновена : 14.11.2022
Во Шпанија за прв пат изречена затворска казна за објавување лажни содржини на социјалните мрежи

МАДРИД (АА) - Во Шпанија за прв пат е изречена затворска казна за објавување лажни содржини на социјалните мрежи, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Судот во Барселона на лице кое во 2019 година објавило лажна содржина на Твитер му изрече затворска казна од 15 месеци, парична казна од 1.620 евра и забрана за извршување спортски активности и забрана за вршење на професијата наставник во период од 5 години.

Лицето објавило видео во кое ги поврзува малолетните мигранти кои живеат без родител во Шпанија со насилни акти.

Видеото на лицето за кое станува збор, во кое како цел ги има мигрантите, всушност е во врска со случај што се случил во Кина.

На осомничениот Ј.М. му се затворени профилите на социјалните мрежи Твитер, Инстаграм и Фејсбук.

Ова лице нема да лежи во затвор бидејќи криминалното досие му е чисто, но ќе биде задолжено да учествува на курсеви на теми поврзани со еднаквоста.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.