Балкан

Телефонски разговор Ердоган - Рама

- Двајцата лидери ги разгледале билатералните односи меѓу Турција и Албанија, како и регионалните и глобалните случувања, а претседателот Ердоган посакал парламентарните избори што ќе се одржат во Албанија во недела да бидат од корист за земјата.

Mikail Bıyıklı  | 10.05.2025 - Обновена : 11.05.2025
Телефонски разговор Ердоган - Рама

ИСТАНБУЛ (АА) - Претседателот Реџеп Таип Ердоган имаше телефонски разговор со албанскиот премиер Еди Рама, известува Анадолу.

Според соопштението објавено на профилот на социјалните мрежи на Дирекцијата за комуникации на турското Претседателство, во телефонскиот разговор меѓу претседателот Ердоган и премиерот Рама биле разгледани билатералните односи меѓу Турција и Албанија, како и регионалните и глобалните случувања.

Во текот на разговорот, претседателот Ердоган изјави дека Турција му придава важност на пријателството и дијалогот со Албанија и дека соработката меѓу двете земји ќе продолжи да се зајакнува и во иднина.

Претседателот Ердоган истакнал дека одржувањето на самитите на Европската политичка заедница и Процесот за соработка во Југоисточна Европа во Албанија се показател за растечкиот углед на Албанија на меѓународната сцена и ѝ посака успех.

Турскиот претседател посака парламентарните избори што ќе се одржат во Албанија во недела да бидат од корист за земјата.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.