Бројот на убиени Палестинци во израелските напади врз Газа се искачи на 61.600
- Министерството истакна дека 100 тела се донесени во болниците во последните 24 часа, меѓу кои 11 спасени под урнатините, а 513 лица се повредени, со што вкупниот број повредени во израелските напади се искачи на 154.088

АНКАРА (АА) – Најмалку 61.599 Палестинци се убиени во геноцидната војна на Израел во Појасот Газа од октомври 2023 година, соопшти денес Министерството за здравство, јавува Анадолу.
Министерството истакна дека 100 тела се донесени во болниците во последните 24 часа, меѓу кои 11 спасени под урнатините, а 513 лица се повредени, со што вкупниот број повредени во израелските напади се искачи на 154.088.
„Многу жртви сѐ уште се заробени под урнатините и на патиштата бидејќи спасувачите не можат да стигнат до нив“, се додава.
Министерството истакна дека 31 Палестинец се убиени, а 388 повредени додека се обидувале да дојдат до хуманитарна помош во последните 24 часа, со што вкупниот број Палестинци убиени додека барале помош достигна 1.838, а над 13.409 се ранети, сметајќи од 27 мај.
Исто така, беше објавено дека пет лица, меѓу кои и две деца, починале во изминатите 24 часа поради глад и неисхранетост. Со ова, вкупниот број смртни случаи од глад се искачи на 227, меѓу кои и 103 деца, при што хуманитарната криза во енклавата се продлабочува.
Израелската Армија ги продолжи нападите врз Појасот Газа на 18 март и оттогаш се убиени најмалку 10.078 Палестинци, а повредени се 42.047, кршејќи го договорот за прекин на огнот и размена на затвореници што стапи на сила во јануари.
Минатиот ноември Меѓународниот кривичен суд издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.
Израел се соочува и со случај за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата за своите воени дејства во енклавата.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.