Dzihat Aliju
13 Август 2025•Ажурирај: 15 Август 2025
ТИРАНА (АА) – Во Албанија продолжуваат интервенциите врз шумските пожари што добиваат сѐ поголем замав, јавува Анадолу.
Во писмената изјава од Министерството за одбрана на Албанија беше наведено дека во последните 24 часа избувнале 64 пожари, од кои 24 сè уште се активни.
Се истакнува дека повеќе од 10.000 лица се на терен во борбата против шумските пожари, координирани од Агенцијата за цивилна заштита на Албанија.
Во соопштението, во кое се наведува дека борбата со пожарите продолжила и во текот на ноќта, се додава: „Ситуацијата се стабилизира и се фокусира на ограничување на огнот особено во близина на населени места и национални паркови.“
- Упатени повици за евакуација
Министерството, исто така, наведе дека поради брзото ширење на шумските пожари во регионите Грамш и Делвине, жителите се повикуваат да ги следат инструкциите од итните служби.
Во соопштението, во кое се предупредува за итна евакуација на овие области, се додава: „Ве молиме останете смирени, следете ги упатствата на властите и тргнете се од опасните подрачја.“
Во меѓувреме, како дел од пожарите, вчера беа евакуирани и некои села во окрузите Елбасан, Валона и Берат.
Во соопштението од Дирекцијата на албанската полиција се наведува дека пожарот, кој се прошири во повеќе села во областа Грамш во централниот дел на земјата, избувнал од оган запален во дворот на 80-годишен жител и се претпоставува дека починал од последици од вдишување чад.