Ekrem Biçeroğlu
13 Август 2025•Ажурирај: 15 Август 2025
БЕЈРУТ (АА) - Едно лице е убиено во израелски напад со беспилотно летало врз возило во јужен Либан, известува Анадолу.
Според соопштението што го објави Министерството за здравство на Либан, израелско беспилотно летало извршило напад врз возило во градот Хадаса, во покраината Набатија.
Во нападот е убиено едно лице.
Израелската армија сè уште не излезе со соопштение по ова прашање.
И покрај прекинот на огнот меѓу Израел и Либан, кој стапи на сила на 27 ноември 2024 година, израелската армија продолжува да спроведува речиси секојдневни воздушни и копнени напади врз јужен Либан.
Откако стапи на сила прекинот на огнот, израелската армија во Либан изврши повеќе од 4.300 прекршувања, во кои се убиени најмалку 245 лица и 513 се повредени.
Иако израелската армија делумно се повлече од јужен Либан, под нејзина окупација се пет стратешки ридови освоени во неодамнешните судири.