свет

Британските земјоделци со трактори протестираа во Лондон против даночните промени

– Земјоделци од целото Обединето Кралство вчера, на Денот на буџетот, со своите трактори пристигнаа во Лондон во знак на протест, барајќи правични реформи на земјоделските политики и укинување на најавените измени во данокот на наследство

Aida Cako  | 27.11.2025 - Обновена : 27.11.2025
Британските земјоделци со трактори протестираа во Лондон против даночните промени

СКОПЈЕ (АА) – Земјоделци од целото Обединето Кралство вчера, на Денот на буџетот, со своите трактори пристигнаа во Лондон во знак на протест, барајќи правични реформи на земјоделските политики и укинување на најавените измени во данокот на наследство, јавува Анадолу.

Протестот беше насочен против промените што беа објавени во минатогодишниот буџет и треба да стапат во сила во април 2026 година.

Според новите правила, се укинува досегашното ослободување со кое семејните фарми не плаќаа данок на наследство – мерка што земјоделците ја сметаат за клучна за опстанокот на традиционалните земјоделски претпријатија.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın