свет

Протести во Хаифа за предвремени избори и оставка на Владата на Нетанјаху

Собирот е дел од тековните национални протести против политичките одлуки на Владата во последните месеци

Elena Trenchevska Chekovic  | 23.11.2025 - Обновена : 23.11.2025
Протести во Хаифа за предвремени избори и оставка на Владата на Нетанјаху

СКОПЈЕ (АА) - Демонстранти излегоа синоќа на улиците на северниот израелски град Хаифа повикувајќи на предвремени избори и барајќи оставка од Владата на премиерот Бенјамин Нетанјаху, додека протестите против нејзините политики продолжуваат, јавува Анадолу.

Учесниците извикуваа слогани со кои ги критикуваа постапките на Владата и бараа промена на раководството.

Собирот е дел од тековните национални протести против политичките одлуки на Владата во последните месеци.

Демонстрантите ги повикаа властите да одговорат на барањата на јавноста за нови избори.

Израел уби повеќе од 69.000 Палестинци, претежно жени и деца, во својата офанзива во Појасот Газа од октомври 2023 година и ја претвори енклавата во урнатини.

Договор за прекин на огнот меѓу Хамас и Израел стапи на сила на 10 октомври. Првата фаза од прекинот на огнот вклучува ослободување на израелски заложници во замена за палестински затвореници. Планот, исто така, предвидува обнова на Газа и воспоставување нов управувачки механизам без Хамас.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.