свет

Долга колона камиони во застој на граничен премин во Мексико ​​поради протест

- Сообраќајот на граничниот премин Херонимо–Санта Тереза во Мексико вчера беше целосно во застој откако група демонстранти го блокираа патот во знак на протест поради реформата на новиот закон за вода

Aida Cako  | 26.11.2025 - Обновена : 27.11.2025
Долга колона камиони во застој на граничен премин во Мексико ​​поради протест

СКОПЈЕ (АА) - Сообраќајот на граничниот премин Херонимо–Санта Тереза во Мексико вчера беше целосно во застој откако група демонстранти го блокираа патот во знак на протест поради реформата на новиот закон за вода, јавува Анадолу.

Од понеделник демонстрантите го блокираат главниот влез на Царинската управа во Сиудад Хуарез, поставувајќи возила попречно на патот, заедно со преклопни столчиња и голем транспарент со пораката „Целосно одбивање на новиот закон за води“.

Пред барикадата има долга колона камиони што не може да се придвижат, поради што целиот сообраќај е во застој.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.