свет

Белата куќа потврди дека Бајден на Русија ќе ѝ предложи продолжување на Договорот за нуклеарно разоружување

„Нов СТАРТ е единствениот договор што ја ограничува руската нуклеарна моќ“

Dildar Baykan   | 22.01.2021
Белата куќа потврди дека Бајден на Русија ќе ѝ предложи продолжување на Договорот за нуклеарно разоружување

ВАШИНГТОН (АА) - Џенифер Псаки, портпаролката на Белата куќа, потврди дека новиот претседател на САД, Џо Бајден, планира да ѝ предложи на Русија уште пет години да биде продолжен новиот стратешки Договор за намалување на оружјето (Нов СТАРТ), кој завршува во февруари, јавува Агенција Анадолија (АА).

Портпаролката Џен Псаки зборуваше за политиките на новата американска администрација во однос на Русија на прес-конференцијата што ја одржа во Белата куќа.

Одговарајќи на тврдењата дека Бајден планира да го продолжи проектот „Нов СТАРТ“, Псаки рече: „Можам да потврдам дека САД имаат намера да го продолжат Нов СТАРТ за уште пет години.“

Таа рече дека Бајден смета дека овој договор е во согласност со националните безбедносни интереси на САД и додаде: „Нов СТАРТ е единствениот договор што ја ограничува руската нуклеарна моќ.“

Во врска со општата политика кон Русија, Псаки истакна: „Иако работиме во интерес на Русија и САД, ќе ја сметаме оваа земја одговорна за нејзините непромислени и непријателски активности. Бајден ѝ наложи на Разузнавачката заедница да работи на сајбернападот Solar Winds и интервенцијата на Русија врз изборите во 2020 година. На ист начин, ќе бидат истражени и тврдењата дека Русија извршила хемиски напад врз Алексеј Навални и им понудила пари на Талибанците за да убиваат американски војници во Авганистан.“

- Продолжувањето ќе ги задоволи НАТО и Русија -

Се вели дека продолжувањето на мандатот на договорот ќе ги задоволи и НАТО и Русија, иако поранешниот претседател Доналд Трамп се спротивставувал на тоа и имаше изјавено дека нема да го обнови, доколку биде реизбран.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, ги повика и двете земји да го продолжат „Нов СТАРТ“.

На 5 февруари истекува договорот „Нов СТАРТ“, потпишан на истиот датум во 2010 година од страна на поранешниот американски претседател Барак Обама и поранешниот руски претседател Димитриј Медведев.

Овој договор предвидува бројот на нуклеарни боеви глави стационирани во Русија и САД да биде намален на 1.550.

Во 2010 година, американскиот Сенат го одобри договорот што Обама го потпиша во замена за модернизација на својата тристепена нуклеарна моќ, која се состои од копнени ракети, подморници и способност за лансирање на интерконтинентални балистички ракети и авиони кои можат да изведат бомбардирање со нуклеарно оружје.

Договорот „Нов СТАРТ“ е познат и како „Последен договор за ограничување на нуклеарното оружје меѓу САД и Русија“, откако Трамп ги повлече САД од Договорот за елиминација на нуклеарни проектили од среден дострел (INF) во 2 август 2019 година.




На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın