свет

Бајден побара од Сенатот на САД да го одложи гласањето на членовите на кабинетот додека се суди Трамп

Бајден од американскиот Сенат побара одложување на некои важни работи, како што е гласањето на членовите на кабинетот, додека е во тек процесот на судењето.

Betül Yürük  | 14.01.2021 - Обновена : 15.01.2021
Бајден побара од Сенатот на САД да го одложи гласањето на членовите на кабинетот додека се суди Трамп

ЊУЈОРК

Новоизбраниот претседател на САД, Џо Бајден, откако Претставничкиот дом изгласа отповикување на претседателот Доналд Трамп, кој е обвинет за поттикнување на бунт во текот на упадот во Конгресот, побара од Сенатот да ги одложи важните работи, како што е гласањето на членовите на кабинетот, додека е во тек процесот на судење, јавува Агенција Анадолија (АА).

„Претставниците на Претставничкиот дом ги искористија овластувањата кои им се обезбедени според нашиот устав и донесоа обвиненија за да се бара одговорност од претседателот“, истакна Бајден.

Тој нагласи дека обвиненијата против Трамп за поттикнување на бунт се поддржани и од демократската и од републиканската партија, и дека овој процес ќе продолжи во Сенатот.

Бајден од американскиот Сенат побара одложување на некои важни работи, како што е гласањето на членовите на кабинетот, додека е во тек процесот на судењето.

„Оваа земја исто така е зафатена од смртоносен вирус и потресена економија. Се надевам дека Сенатот додека ги исполнува уставните одговорности, да се занимава и со итните работи како гласање за клучните позиции, како министерствата за Внатрешна безбедност, Надворешни работи, Одбрана и Трезор, како и Националната дирекција за разузнавање, како и стабилизирање на програмата за вакцинирање и економијата“, додаде Бајден.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın