свет

Акар: „Турција се надева дека ќе биде пронајдено решение во преговорите со Грција“

„Се надеваме дека преговорите со Грција ќе бидат водени и доведени до решение врз основа на правото и правичноста“, рече турскиот министер Хулуси Акар

Merve Gül Aydoğan Ağlarcı  | 23.01.2021 - Обновена : 24.01.2021
Акар: „Турција се надева дека ќе биде пронајдено решение во преговорите со Грција“ ( Foto: Arif Akdoğan / Anadolu Agency )

ИСТАНБУЛ

Турскиот министер за одбрана, Хулуси Акар, изрази надеж дека во текот на разговорите со Грција, што почнуваат во Истанбул следната недела, ќе се најдат законски решенија за билатералните прашања, јавува Агенција Анадолија (АА).

„Се надеваме дека преговорите со Грција ќе бидат водени и доведени до решение врз основа на правото и правичноста. Во разговорите со Грција се надеваме дека прашањата ќе се решаваат во рамките на правата, законите и непристрасноста и дека ќе се најдат решенија“, рече Хулуси Акар.

Во понеделник Турција и Грција повторно ќе ги започнат билатералните истражни разговори по четиригодишна пауза.

„Од соседот очекуваме да ги почитува нашите права во Егејското Море и Источен Медитеран, и да избегнува акти што ќе доведат до недоразбирање“, рече Акар. Се очекува дека фокусот на разговорите ќе бидат билатералните спорови, вклучувајќи ги поморските граници и правата за дупчење во регионот.

Воените делегации на Турција и Грција од септември во седиштето на НАТО одржаа низа состаноци и разговори за ситуацијата на истокот на Медитеранот.

Турција и Грција минатата недела објавија дека ќе продолжат со разговорите на 25 јануари во Истанбул по пауза од четири години.

Разговорите се очекува да се фокусираат на билатералните спорови, вклучително и на поморските граници и правата за дупчење во регионот.

Турција, земја со најдолг континентален гребен во Источниот Медитеран, ги отфрли барањата за поморските граници на грчката администрација и на кипарските Грци и истакна дека овие прекумерни барања ги кршат суверените права и на Турција и на кипарските Турци.

Анкара минатата година испрати неколку бродови за истражување на енергетските ресурси во Источниот Медитеран, потврдувајќи ги своите права во регионот, како и оние на Турската Република Северен Кипар.

Турските лидери постојано нагласуваа дека Анкара е за решавање на сите отворени проблеми во регионот преку меѓународното право, добрососедските односи, преку дијалог и преговори.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın