свет

Агенција за бегалци на ОН: Интензивирањето на конфликтот привремено расели до 3,2 милиони луѓе во Иран

- Прелиминарните процени укажуваат на тоа дека помеѓу 600.000 и еден милион ирански домаќинства биле принудени да ги напуштат своите домови поради тековните непријателства, се наведува во извештајот на УНХЦР

Beyza Binnur Dönmez  | 12.03.2026 - Обновена : 12.03.2026
Агенција за бегалци на ОН: Интензивирањето на конфликтот привремено расели до 3,2 милиони луѓе во Иран

ЖЕНЕВА (АА) - Се верува дека до 3,2 милиони луѓе се привремено раселени во Иран поради интензивирањето на конфликтот, соопшти денес Агенцијата на ОН за бегалци, јавува Анадолу.

Прелиминарните процени укажуваат на тоа дека помеѓу 600.000 и еден милион ирански домаќинства биле принудени да ги напуштат своите домови поради тековните непријателства, се наведува во извештајот на УНХЦР.

Се верува дека најголем дел од раселените бегаат од Техеран и другите поголеми градови, упатувајќи се кон северните провинции и руралните средини во потрага по безбедност.

„Бројката веројатно ќе продолжи да расте додека траат непријателствата, што означува загрижувачко зголемување на хуманитарните потреби“, изјави Ајаки Ито, директор на УНХЦР за итни случаи и програма за поддршка и меѓурегионален координатор за одговор на бегалската криза на Блискиот Исток.

Кризата ги погоди и бегалците што веќе живеат во Иран, особено Авганистанците, кои ја сочинуваат најголемата популација на бегалци во земјата.

Овие семејства се особено „ранливи со оглед на нивната веќе несигурна ситуација и ограничените мрежи за поддршка“, додаде Ито.

УНХЦР соопшти дека ги адаптира своите операции во Иран, работејќи со националните власти и хуманитарните партнери за да ги проценат потребите и да се подготват за натамошни движења на населението.

Агенцијата, исто така, ги повика сите страни да ги заштитат цивилите и да обезбедат хуманитарен пристап, а истовремено упати апел до земјите да ги задржат границите отворени за оние што бараат безбедност, во согласност со меѓународните обврски.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın