политика

Израелскиот премиер разговарал со Трамп за можен втор напад врз Иран

За време на средбата во Белата куќа, Нетанјаху ги пренел загриженостите на Израел за нуклеарните и ракетните програми на Иран, како и за напорите на Хезболах за обнова на својот арсенал со ракети со долг дострел во Либан

Merve Berker  | 31.12.2025 - Обновена : 31.12.2025
Израелскиот премиер разговарал со Трамп за можен втор напад врз Иран

Анкара

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху разговарал за можноста за втора рунда напади врз Иран за време на средбата со американскиот претседател Доналд Трамп, објавија денес медиумите, пренесува Анадолу.

За време на средбата во Белата куќа, Нетанјаху ги пренел загриженостите на Израел за нуклеарните и ракетните програми на Иран, како и за напорите на Хезболах за обнова на својот арсенал со ракети со долг дострел во Либан, според „Аксиос“.

Американски претставник изјави дека разговорот вклучувал „можност за повторен напад врз Иран во 2026 година“, шест месеци по 12-дневната војна меѓу американско-израелската алијанса и Иран.

Војната беше насочена против нуклеарната инфраструктура и ракетните капацитети на Иран.

Трамп, кој претходно ги опиша јунските напади како „огромен успех“, изјави: „Ако Иран се обиде да ја обнови својата нуклеарна програма, САД повторно ќе ја уништат“, според медиумот.

Сепак, претставникот додава дека иако Трамп би можел да поддржи повторна офанзива ако се види дека Иран презема „вистински и проверливи чекори“ за да ги оживее своите нуклеарни напори, „тензијата ќе биде во согласувањето што значи тоа ‘оживување’“.

Израел во последните недели повторно изрази тревога во врска со развој на ракети од Иран и го обвини Хезболах дека складира ново оружје со долг дострел во Либан.

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан одговори со предупредување за „сурова“ одмазда на какви било акти на агресија.

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, го повика Трамп да ги продолжи преговорите „во дух на почит“.

Не е постигнат договор за временска рамка или прагови за можна идна воена акција, според американскиот претставник.

Канцеларијата на израелскиот премиер одби да коментира, а Белата куќа го упати „Аксиос“ на јавните изјави на Трамп.

За време на 12-дневната војна со Израел во јуни, американската војска нападна три големи ирански нуклеарни објекти - Фордо, Натанц и Исфахан - користејќи бункер-бомби.

Нападите се случија повеќе од една недела откако Израел започна ненадеен напад врз Иран, убивајќи високи воени команданти и нуклеарни научници, а исто така таргетирајќи и некои нуклеарни локалитети.

Според веста, Трамп, исто така, се согласил да продолжи со втората фаза од договорот за прекин на огнот во Газа, ветувајќи поддршка за израелска воена акција доколку Хамас не се разоружа.

Се очекува Одборот за мир во Газа да се состане во Давос на 23 јануари.

Од октомври 2023 година, израелската армија во Газа уби повеќе од 71.000 Палестинци, а повредени се над 171.000 во бруталните напади што ја остави енклавата во урнатини. Обединетите нации (ОН) ги проценија трошоците за обнова на приближно 70 милијарди долари.
























На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın