Трамп вели дека САД ѝ помагаат на Венецуела да заработи „повеќе пари“
„Тие ќе заработуваат повеќе пари отколку што заработувале долго време, Венецуела ќе се справува фантастично добро. Венецуела ќе заработува повеќе пари во следните шест месеци отколку што заработила во последните 20 години.“
ВАШИНГТОН (АА) - Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Венецуела би можела да доживее економски пресврт во наредните месеци, тврдејќи дека новата соработка со САД и големите енергетски компании значително ќе ги зголеми приходите од нафта во земјата, јавува Анадолу.
„Венецуела е неверојатно место толку многу години, но потоа тргнаа наопаку со своите политики. Пред дваесет години, таа беше одлична земја, а сега има проблеми, но ние им помагаме“, рече Трамп на Светскиот економски форум (WEF) во Давос, Швајцарија.
„Тие ќе заработуваат повеќе пари отколку што заработувале долго време, Венецуела ќе се справува фантастично добро. Венецуела ќе заработува повеќе пари во следните шест месеци отколку што заработила во последните 20 години. Секоја голема нафтена компанија доаѓа со нас. Тоа е неверојатно“, додаде тој.
Американската војска спроведе операција нарачана од Трамп, која доведе до апсење на венецуелскиот претседател Николас Мадуро и неговата сопруга Силија Флорес на 3 јануари. Тие во Њујорк се соочуваат со обвиненија поврзани со дрога, а тогашната потпретседателка на земјата, Делси Родригез, стана вршител на должноста претседател и се вели дека соработува со САД.
