СЗО ги отфрли тврдењата на терористите на ЈПГ/ПКК
Гласноговорникот на СЗО, Линдмаер, на редовниот неделен брифинг во Женева рече дека СЗО внимателно ги следи случувањата во Сирија и дека нема сознанија за употреба на хемиско оружје

ЖЕНЕВА (AA) БАЈРАМ АЛТУГ -
Гласноговорникот на Светската здравствена организација (WHO), Кристијан Линдмаер, изјави дека таа организација нема никакви сознанија или докази дека на североистокот на Сирија е користен забранетиот бел фосфор, јавува Anadolu Agency (AA).
Поддржувачите на терористичката организација ЈПГ/ПКК и некои западни медиуми, неодамна, со манипулативни фотографии, ги обвинија Турските вооружени сили дека во антитерористичката операција „Извор на мирот“ на североистокот на Сирија, користеле хемиско оружје, односно бомби со бел фосфор.
Турските сили ги отфрлија тие тврдења и нагласија дека целта на операцијата „Извор на мирот“ е неутрализација на терористичките закани на границата на Турција, а дека во инвентарот турската војска нема, ниту ќе има забрането оружје.
Гласноговорникот на СЗО, Линдмаер, на редовниот неделен брифинг во Женева рече дека СЗО внимателно ги следи случувањата во Сирија и дека нема сознанија за употреба на хемиско оружје.
Тој ги коментираше и фотографиите на наводни жртви од напад со фосфорна бомба кои поддржувачите на терористичката организација ЈПГ/ПКК ги споделуваат на социјалните мрежи во рамките на кампањата против турската операција.
„Се работи за изгореници кои на речиси идентичен начин се објавени и во претходни извештаи на болници во другите делови во Сирија, која е зафатена со војна. Ниту во степенот на изгорениците нема воочливи разлики“, рече Лидмаер.
Истакнувајќи дека се работи за фотографии од изгореници кои изгледаат исто како и оние кои претходно се забележани во сириските болници, Линдмаер рече дека не се знае кога и како тие настанале.
И експертите во научните анализи ги демантираа наводите на симпатизерите на терористичката организација ЈПГ/ПКК кои со манипулација на фотографија наведоа дека турските сили во операцијата „Извор на мирот“ користат бомби со бел фосфор.
Левент Кенар, шефот на Одделот за изучување на хемиските, биолошките, радиолошките и нуклеарните закани (CBRN) при Универзитетот за здравствени студии, ја анализираше спорната фотографија и рече дека таа не може да биде доказ дека е изведен напад со бел фосфор.
„Повредите на детето од фотографијата не се последица на експлозија на бомба со фосфор. Не се знае кога и каде е направена фотографијата, но повредите на кожата изгледаат постари. Не изгледаат на штотуку настанати повреди. Повредите се видливи само во пределот на стомакот, а не и на екстремитетите и на лицето на детето што би било случај да се работи за жртва настрадана од бомба со фосфор“, рече Кенер.
И челникот на Меѓународното здружение на медицински и спасувачки екипи (UMKE-DER), Хилми Озден, за АА исто така рече дека повредите на детето од фотографијата не настанале со експлозија на бомба со бел фосфор.
„Да стануваше збор за изгореници настанати со експлозија на таква бомба, би морале да се погрижат за деконтаминација и тоа медицинските лица од фотографијата би го утврдиле, а на фотографијата не се гледа дека презеле што било за да се заштитат“, рече Озден.
И експертите со научни анализи ги демантираа наводите на симпатизерите на терористичката организација ЈПГ/ПКК кои со манипулација на фотографија наведоа дека турските сили во операцијата „Извор на мирот“ користат бомби со бел фосфор.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.