Во Анкара одржан координативен состанок за операцијата „Извор на мирот“
На состанокот учествуваа голем број турски официјални претставници и министри

АНКАРА (АА) - Во Анкара се одржа координативен состанок за операцијата „Извор на мирот“, со кој претседаваше турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, јавува Anadolu Agency (AA).
На состанокот учествуваа голем број турски официјални претставници и министри, меѓу кои и министерот за правда Абдулхамит Ѓул, министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу, министерот за одбрана Хулуси Акар и шефот на турската Национална разузнавачка агенција (MIT) Хакан Фидан.
Министерството за одбрана на Турција соопшти дека терористите се единствената цел во операцијата „Извор на мирот“ во северна Сирија.
„Како што беше и во претходните операции „Штитот на Еуфрат и „Маслинова гранка“, така и во операцијата „Извор на мирот“ единствена цел се терористите“, се додава во соопштението.
Се неведува дека операцијата се спроведува во согласност со нормите на меѓународното право и резолуциите на Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН) кои се однесуваат на борбата против тероризмот.
Вооружените сили на Турција (ТСК) и Сириската национална војска (СНВ) денес, 9 октомври, ја започнаа операцијата „Извор на мирот“, чија цел е воспоставување мир и безбедност во регионот и уништување на терористичкиот коридор кои терористите имаат намера да го воспостават јужно од турската граница.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.