Турција, наука и технологија

Турскиот мини-сателит „Гризу-263А“ ги испрати првите сигнали

„Гризу-263А“ беше лансиран во вселената вчера со ракетата „Спејс икс Фалкон 9“ од Кејп Канаверал во американската сојузна држава Флорида

Gökhan Yılmaz   | 14.01.2022
Турскиот мини-сателит „Гризу-263А“ ги испрати првите сигнали

ЗОНГУЛДАК (АА) - Првиот минијатурен сателит во Турција, „Гризу-263А“, успешно ги емитуваше своите први сигнали, соопшти вселенскиот тим кој го дизајнира сателитот, пренесува Агенција Анадолија (АА).

„Првите сигнали беа успешно примени од нашиот сателит „Гризу-263А“. Нашиот сателит е жив“, напиша вселенскиот тим „Гризу-263“ на Твитер.

„Гордост. Дизајниравме, произведовме, тестиравме и лансиравме во вселената. Сега нашиот сателит „Гризу-263А“ е на својата должност безбеден и неоштетен“, напиша раководителот на вселенскиот тим, Чагла Ајтач Дурсун на Твитер.

„Гризу-263А“ беше лансиран во вселената вчера со ракетата „Спејс икс Фалкон 9“ од Кејп Канаверал во американската сојузна држава Флорида.

Основан во 2016 година од студенти на Факултетот за инженерство на Универзитетот „Булент Еџевит“ (BEU) во Зонгулдак, северна Турција, вселенскиот тим „Гризу-263“ има за цел да работи на вселенски и сателитски технологии и да учествува на меѓународни натпревари.

Тимот го доби името по експлозијата во 1992 година во која загинаа 263 рудари во областа Козлу. Турскиот збор за запалив гас е гризу.

Планирано е сателитот да служи 4 години и 8 месеци во ниската Земјина орбита од околу 525 километри.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın