Од протечени цевки во парискиот музеј Лувр оштетени околу 400 книги во одделот за египетски антиквитети
– Голем дефект предизвика поплава во одделот за египетски антиквитети на парискиот музеј Лувр на 27 ноември, оштетувајќи околу 400 книги и повторно разгорувајќи загриженост за застарената инфраструктура на најпосетуваниот музеј во Франција
ИСТАНБУЛ (АА) – Голем дефект предизвика поплава во одделот за египетски антиквитети на парискиот музеј Лувр на 27 ноември, оштетувајќи околу 400 книги и повторно разгорувајќи загриженост за застарената инфраструктура на најпосетуваниот музеј во Франција, само неколку недели по смелата дневна кражба на вреден накит, јавува Анадолу.
Според „Ла Трибун де л’арт“, која прва ја објави информацијата, поплавата не била непредвидлива несреќа.
Со години, одделот повеќепати барал финансиски средства од заменик-генералниот директор на Лувр, Франсис Штајнбок, за да ги премести колекциите или да воспостави заштитни мерки, предупредувајќи дека старите цевки во плафоните претставуваат сè поголем ризик.
Овие барања биле одбиени, исто како и предлогот да се набави соодветен мебел за заштита на ретки дела, меѓу кои и Опис на Египет од германскиот египтолог Карл Рихард Лепзиус.
Била одбиена и помошта од надворешен изведувач за преместување на книгите на побезбедна локација, која станала можна поради релокацијата на библиотеката на друг оддел.
Иако највредните книги останале недопрени, според извештајот тие сè уште се чуваат под прозорци и заштитени само со фолија со меурчиња, што ги прави не толку отпорни на невреме кои често предизвикува големи протекувања во овој дел од зградата.
Поплавата доведе и до затворање на погодените канцеларии во павилјонот Молиен, само една недела по помал инцидент во истата област.
Инцидентот следува по кражбата извршена на 19 октомври, кога група крадци паркираа украден камион пред Лувр, се искачија на првиот кат со лифт за мебел и упаднаа во една од најукрасените простории на музејот.
За неколку минути избегале со скутери, носејќи кралски накит, меѓу кој смарагдено-дијамантска огрлица што Наполеон Бонапарта ѝ ја подарил на својата втора сопруга Мари-Луиза од Австрија, како и дијадема што ѝ припаѓала на царица Евгенија, сопругата на Наполеон III.
Музејот на крајот од ноември најави дека ќе ги зголеми цените на влезниците за повеќето посетители од држави надвор од ЕУ на 32 евра, што претставува пораст од 45%.
Лувр беше домаќин на 8,7 милиони посетители во 2024 година, од кои 69% од странство.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
