свет, Коронавирус

Шпанија: Бројот на потврдени случаи на зараза од Ковид-19 изнесува над 100.000, починати 9.053 лица

Во текот на изминатите 24 часа, 864 лица ги загубија своите животи, најголемата бројка досега. Во пет последователни дена, во земјата се забележани над 800 смртни случаи

Şenhan Bolelli   | 01.04.2020
Шпанија: Бројот на потврдени случаи на зараза од Ковид-19 изнесува над 100.000, починати 9.053 лица

МАДРИД

ОВИЕДО (АА) - Вкупниот број потврдени случаи на заразување со Ковид-19 во Шпанија изнесува 102.136, додека починати се 9.053 лица, се соопштува од шпанското Министерство за здравство, јавува Агенција Анадолија (АА).

Во текот на изминатите 24 часа, 864 лица ги загубија своите животи, најголемата бројка досега. Во пет последователни дена, во земјата се забележани над 800 смртни случаи.

Исто така потврдени се уште 7.719 случаи на заразување, а 3.388 се излекувале. Вкупно 22.000 лица се излекувале од вирусот досега.

Шпанскиот министер за здравство, Салвадор Илја, денес изјави дека Владата забележала стабилизирање во однос на новите случаи на зараза.

Додека во средината на март секојдневно беа детектирани 20 отсто од случаите, бројката сега е намалена на просек од помалку од 10 отсто. 

Сепак, капацитетот за тестирање на Шпанија останува ограничен на 15.000 - 20.000 тестови на ден.

Централниот независен синдикат на јавни службеници (CSIF), најголемата унија на јавни работници во Шпанија, вчера поднесе правна тужба против министерот за здравство. Синдикатот тврди дека неможноста на Владата да ги заштити здравствените работници ги крши законите поврзани со безбедноста на работното место.

Најмалку шестмина здравствени работници починаа во Шпанија од Ковид-19, а од понеделникот со вирусот се дијагностицирани над 12.000.

Во однос на смртните случаи од последиците на вирусот, Шпанија е втора најпогодена земја во светот.

По епидемијата со новиот тип коронавирус што се појави во кинескиот град Вухан во декември минатата година, вирусот неодамна се прошири во уште најмалку 180 земји и региони низ светот, а Европа стана епицентар на пандемијата, додека Кина излегува од кризата.

Според податоците на Универзитетот „Џонс Хопкинс“, во светот од коронавирусот се заразени повеќе од 859.796 луѓе. Од последиците предизвикани од заразеност со новиот тип коронавирус починаа повеќе од 42.341 лице, а излекувани се 178.301 лице.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın