Балкан

Претседателот на Собранието, Гаши, потпиша Меморандум за соработка со Меѓународниот парламент за толеранција и мир

- Потпишаниот Меморандум претставува важен чекор во унапредувањето на улогата на Собранието на РСМ на меѓународната арена и значаен придонес во промовирањето на вредностите на дијалогот, меѓусебното почитување и глобалниот мир.

Oktaj Omeragikj  | 20.11.2025 - Обновена : 20.11.2025
Претседателот на Собранието, Гаши, потпиша Меморандум за соработка со Меѓународниот парламент за толеранција и мир

СКОПЈЕ (АА) - Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши и претседателот на Глобалниот совет за толеранција и мир, г. Ахмед бин Мохамед Алџарван денес во Скопје потпишаа Меморандумот за соработка помеѓу Собранието на Северна Македонија и Меѓународниот парламент за толеранција и мир (IPTP), известува Анадолу.

Потпишаниот Меморандум претставува важна институционална рамка што има цел да ја продлабочи меѓународната парламентарна соработка во областите на толеранцијата, мирот и демократскиот дијалог; да овозможи редовно учество на Собранието на РСМ на седниците, комитетите и иницијативите на IPTP; спроведување на континуирана размена на информации за активностите, документите и парламентарните проекти на оваа организација; координација на можностите за спроведување на заедничките настани, конференциите и проектите од заеднички интерес.

Потпишаниот Меморандум претставува важен чекор во унапредувањето на улогата на Собранието на РСМ на меѓународната арена и значаен придонес во промовирањето на вредностите на дијалогот, меѓусебното почитување и глобалниот мир.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.