култура и уметност

Шпанскиот фестивал „Корефок“ одбележан во средновековното гратче Морела

Традицијата на „Корефок“ датира од средновековните поворки на „Корпус Кристи“, симболизирајќи ја вечната борба помеѓу доброто и злото

Elena Trenchevska Chekovic  | 09.11.2025 - Обновена : 09.11.2025
Шпанскиот фестивал „Корефок“ одбележан во средновековното гратче Морела Фото: Andreu Esteban/АА

СКОПЈЕ (АА) – Жителите и посетителите на градот Кастелон во Шпанија го одбележаа фестивалот „Корефок“ со разни перформанси, јавува Анадолу.

За време на фестивалот во средновековното гратче Морела, учесниците облечени како демони палеа оган, танцувајќи околу него.

Повеќе од 200 учесници од седум групи учествуваа на 10-тиот „Тробада де Димонис“ (Собир на демони) што се одржа низ улиците на Морела, во Кастелон. Групи од Арагон, Каталонија, Валенсија и Балеарските Острови маршираа низ улиците фрлајќи оган и пиротехнички срества.

Традицијата на „Корефок“ датира од средновековните поворки на „Корпус Кристи“, симболизирајќи ја вечната борба помеѓу доброто и злото.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın