Балкан

Младо лице приведено за пожарот во зградата на „Вјесник“ во Загреб

„Потврдуваме дека со досегашната кривична истрага опфатени се неколку млади лица, од кои едно е приведено и е под истрага“

Senita Sehercehajic  | 20.11.2025 - Обновена : 20.11.2025
Младо лице приведено за пожарот во зградата на „Вјесник“ во Загреб

САРАЕВО (АА) - Загрепската полиција приведе едно младо лице и спроведува истрага за пожарот во зградата на „Вјесник“ што избувна во понеделникот вечерта, пренесува Анадолу.

„Потврдуваме дека со досегашната кривична истрага опфатени се неколку млади лица, од кои едно е приведено и е под истрага“, објави денес Полициската управа на Загреб.

Се додава дека од моментот кога дознале за пожарот во зградата на „Вјесник“, „со обезбедување на местото на настанот и преземањето мерки за осигурување на безбедноста на граѓаните“, започнале кривична истрага.

Истакнуваат дека во почетната фаза од истрагата од најголема важност е итно и непречено да се соберат информации од сите лица што можат да ѝ дадат на полицијата корисни информации за настанот и дека отежнувачка околност е кога информациите и сознанијата се објавуваат јавно, пренесе Хина.

„Наведеното би можело да ја отежне работата на полицијата и води кон ризик информациите да стигнат до луѓето што треба да бидат опфатени во кривичната истрага и кои биле идентификувани во почетните фази на истрагата.“

Некои локални медиуми вчера објавија дека полицијата привела две млади лица на разговор поради сомнение дека можеби имаат информации за избивањето на пожарот.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın