Меѓународните училишта „Маариф“ во Северна Македонија организираа активност по повод Меѓународниот ден на толеранцијата
- Како дел од програмата беа прикажани слики подготвени од ученици од училиштата на ТМВ, а учениците изведуваа песни на различни јазици.
СКОПЈЕ (АА) - Училиштата на турската фондација „Маариф“ (ТМВ) во Северна Македонија организираа активност по повод Меѓународниот ден на толеранцијата, јавува Анадолу.
Претседателката на Северна Македонија, Гордана Силјановска-Давкова, турскиот амбасадор во Скопјe, Фатих Улусој, пратеници, наставници, ученици и други гости, присуствуваа на настанот што се одржа на плоштадот „Македонија“ во главниот град Скопјe.
Осман Демирѓул, претставник на ТМВ за Северна Македонија, во својот говор изјави дека училиштата на ТМВ, кои работат во 64 земји како глобална образовна организација, се здружија со млади Македонци, Албанци, Турци, Босанци, Роми и сите етнички групи и верувања за да ја покажат својата волја да живеат со почит, во согласност со значењето на толеранцијата.
„Исклучително е значајно да се одржи оваа програма на плоштадот во Скопјe во земја како Северна Македонија, која им овозможува на сите етнички групи да ги практикуваат својата култура, јазик и верувања и може да послужи како пример за толеранција“, рече Демирѓул.
Како дел од програмата беа прикажани слики подготвени од ученици од училиштата на ТМВ, а учениците изведуваа песни на различни јазици.
Меѓународниот ден на толеранцијата беше усвоен од УНЕСКО на 16 ноември 1995 година.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
