Фаучи: „САД се во неволја поради невакцинираните против коронавирусот“
„Одиме во погрешна насока“, рече Фаучи, додавајќи дека е „многу фрустриран“.

ЊУЈОРК (АА) - Соединетите Американски Држави (САД) се во непотребна неволја поради големиот пораст на заразени со коронавирусот предизвикан од невакцинираните Американци и вирулентната делта-варијанта, истакна Ентони Фаучи, водечкиот американски експерт за инфективни болести, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Одиме во погрешна насока“, рече Фаучи, додавајќи дека е „многу фрустриран“.
Истакна дека моментално се разгледува опцијата вакцинираните лица повторно да носат маска на отворено. Тој исто така додаде дека може да биде препорачана и трета доза за лицата со послаб имунитет, што веќе се вакцинирани.
Според податоците на Американскиот центар за превенција и контрола на болести (ЦДЦ), над 163 милиони луѓе, односно 49 отсто од вкупната популација на САД, се целосно вакцинирани.
„Ова прашање е претежно меѓу невакцинираните, што е причина зошто практично ги молиме луѓето да излезат и да се вакцинираат“, рече Фаучи гостувајќи на телевизискиот канал „Си-ен-ен“.