Турција, Коронавирус

Турција ја тестира првата доза од вакцината против коронавирусот

Асим Баштурк (53) се пријави за третата фаза од тестирањето на вакцината што ја разви Кина

Handan Kazancı   | 28.09.2020
Турција ја тестира првата доза од вакцината против коронавирусот

ИСТАНБУЛ (АА) - Турски лекари денес на здравствен работник ја дадоа првата доза од вакцината против коронавирусот, јавува Агенција Анадолија (AA).

Асим Баштурк (53) се пријави за третата фаза од тестирањето на вакцината што ја разви Кина.

Лекарот Мустафа Саит Гонен, декан на водечкиот турски медицински факултет при истанбулскиот Универзитет „Џерахпаша“, рече:

„Денес ја започнавме третата фаза од студијата за вакцината од кинеско потекло од медицинското училиште „Џерахпаша“.

Тој рече дека од 335.000 пациенти, колку што ја посетиле установата од март, 27.000 биле лекувани од Ковид-19, а 77 000 биле тестирани.

„Ова е важен ден за Медицинскиот факултет „Џерахпаша“. Оваа борба продолжува во „Џерахпаша“, како и во другите болници, и низ целиот свет", рече Гонен.

Баштурк истакна дека доброволно се пријавил за третата фаза за тестирање на вакцината.

„Се пријавив по сопствена волја. Секако, сакаме овој вирус, кој создава проблеми во Турција и во светот, наскоро да биде елиминиран“, истакна Баштурк.

Коронавирусот, Ковид-19, за првпат се појави во Кина во декември минатата година, и оттогаш се шири низ целиот свет заразувајќи над 33 милиони луѓе, додека од последиците предизвикани од него починаа над еден милион луѓе.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.