Турскиот претседател и папата Лав ќе одржат прес-конференција во Анкара
- Папата Лав, кој ќе ја реализира својата прва посета во странство откако е на чело на Католичката црква, ќе престојува во Анкара, Истанбул и Изник од 27 до 30 ноември
АНКАРА (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и папата Лав треба да одржат прес-конференција утре во Салата „Џиханума“ во Претседателската национална библиотека на Турција во Анкара, третата по големина библиотека во светот, јавува Анадолу.
Лав, кој ќе ја реализира својата прва посета во странство откако е на чело на Католичката црква, ќе престојува во Анкара, Истанбул и Изник од 27 до 30 ноември.
Прво ќе оддаде почит во Аниткабир, мавзолејот на Мустафа Кемал Ататурк во Анкара, а потоа ќе биде официјално пречекан во Претседателскиот комплекс.
Се очекува Ердоган и папата да разговараат за односите Турција - Ватикан на приватна средба, како и за актуелните регионални и глобални прашања, вклучително и за развојот на настаните во Палестина.
Лав XIV ќе се сретне со христијански свештеници в петок во Катедралата на Светиот дух, ќе го посети францускиот Дом за стари лица и со хеликоптер ќе отпатува во Изник за богослужба.
В сабота, тој ќе ја посети џамијата Султанахмет, сириската православна црква „Мор Ефрем“, ќе се сретне со грчкиот патријарх Бартоломеј и ќе води богослужба во „Фолксваген арена“.
Посетата ќе заврши со богослужба во Ерменската апостолска катедрала и повторна посета на Грчката патријаршија по повод годишнината од основањето на Патријаршијата.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
