Mustafa Çalkaya
17 Јули 2016•Ажурирај: 18 Јули 2016
АНКАРА (AA) – Заменик на премиерот на Република Турција Мехмет Шимшек изјави дека Турција забрзано се опоравува по обидот за државен удар кој е спречен со реакција на народот и владата и порача дека нема место за загриженост, јавува Anadolu Agency (AA).
Во пораката објавена на Твитер, турскиот заменик премиер задолжен за економски прашања соопшти дека макроекономските темели на Турција се стабилни.
„Ситуацијата во Турција забрзано се нормализира откако народот го спречи обидот за државен удар. Макроекономските темели на нашата земја се стабилни. Ги преземаме сите потребни мерки. Со јакнењето на поддршката на народот и политичката стабилност ние сме уште појаки. Разговарав и со нашите челници на Трезорот и Централната банка и ги преземаме сите потребни мерки. Нема место за загриженост", рече Шимшек.
Тој исто така најави дека во текот на денот ќе одржи и телеконференциски состаноци со меѓународните инвеститори.