АНКАРА (АА) – Откако е воведен системот за електронскo аплицирање за визи, преку кој патниците можат да добијат турска виза за помалку од 3 минути, од првата половина на 2013 година до декември 2018 година по електронски пат издадени им се визи на 26 милиони 487 илјади 359 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информациите на дописникот на АА добиени од Министерството за надворешни работи, системот за електронска виза, кој започна да се применува од 17 април 2013, и понатаму е прв избор на странците што патуваат во Турција.
Со оваа апликација, е-визата може да се добие во просек за 3 минути, 24 часа во денот, 7 дена во неделата од секое место каде што има интернет-конекција. Како последно, и граѓаните на Бермудските Острови се вклучија во системот за издавање е-визи, со што граѓаните од вкупно 106 земји ја користат апликацијата за е-визи.
Системот за апликација за е-виза работи интегрирано со Министерството за внатрешни работи и Министерството за финансии на Турција, а со цел да се обезбеди безбедност на системот се преземаат максимални мерки на претпазливост.
Со воведување на услугата е-визи, намалени се редиците за бандероли/печати за визи на аеродромите, а во исто време намален е бројот на издадени визи во надворешните претставништва на Турција.
Покрај тоа, за поефикасно скратување на визните процедури во надворешните претставништва на Турција, од јануари 2016 година е воведен електронски систем за аплицирање за визи. Од друга страна, зголемувањето на бројот на туристи во последно време е знак дека системот за е-визи е успешен.
- Издадени се околу 26,5 милиони е-визи, од кои е обезбеден приход од 605 милиони долари -
Од април 2013 година, кога почна да се нуди услугата е-виза, до 1 април 2018, во системот биле поднесени вкупно 29 милиони 809 илјади 978 барања. Од нив, барањата за 26 милиони 487 илјади 359 апликации биле изработени и на тие лица им се издадени е-визи.
Од вкупниот број на апликации, 88,85 проценти добиле е-виза, а благодарение на е-визата Турција обезбеди приход од 605 милиони 251 илјади 887 долари.
Во тој период, системот за е-визи најмногу го искористиле граѓаните на Велика Британија, на кои им се издадени вкупно 7 милиони 423 илјади 658 е-визи. Ирак е на второто место со вкупно 3 милиони 329 илјади 481 е-визи. Холандија се наоѓа на третото место со 2 милиони 664 илјади 881 е-визи. Потоа следуваат Полска, Белгија, Саудиска Арабија, Кина, САД, Норвешка и Австрија.
- Оваа година од издадените 6 милиони е-визи се обезбедени 148 милиони долари -
Оваа година, во периодот од 1 јануари до 1 декември имало околу 6,5 милиони апликации за е-виза. Од вкупниот број поднесени апликации, изработени и издадени се 6 милиони е-визи.
Оваа година соодносот на поднесени барања и издадени е-визи изнесува 91,55 отсто. Од таа услуга Турција обезбеди приход од 148 милиони 173 илјади 125 долари.
Оваа година најмногу е-визи им се издадени за граѓаните на Велика Британија, 1,6 милиони. Следува Ирак со 710 илјади и Холандија со 500 илјади, а потоа Полска, Саудиска Арабија, Кина, Белгија, САД, Алжир и Норвешка.
Најголем број на е-визи во еден ден се дадени на 13 јули 2015 години, кога биле издадени вкупно 46 илјади 747 е-визи. Оваа година во просек се издаваат околу 15-20 илјади е-визи дневно, а во летните месеци оваа бројка достигнува до 40.000.
- На веб-страницата која нуди услуги на 9 јазици, е-виза може да се добие за 3 минути -
Турската виза за туристички и деловни патувања може да се добие во странските претставништва на Министерството за надворешни работи на Турција, на граничните премини и преку системот за аплицирање за е-виза.
Аплицирањето за визи во странските претставништва се отворени за сите странци, додека на граничните премини и системот за аплицирање за е-виза, граѓаните на одредени држави ќе треба да исполнат одредени предуслови.
Барањата за е-виза што се однесуваат само за туристички и бизнис-патувања може да се поднесат поединечно, семејно (најмалку 2 лица, најмногу 10) и групно (најмалку 10, најмногу 300 лица).
Веб-страницата www.evisa.gov.tr, каде што се поднесуваат апликациите за е-виза, достапна е на 9 јазици, вклучувајќи го турскиот, арапскиот, германскиот, англискиот, шпанскиот, францускиот, холандскиот, полскиот и кинескиот јазик. Поединците преку веб-страницата www.evisa.gov.tr можат да добијат е-виза во просек за 3 минути.
За разлика од е-визите, при поднесување на барање во странските претставништва, претходно е потребно странците на веб-страницата www.visa.gov.tr да поднесат предбарање. Во предбарањето поединецот во системот треба да приложи информации за лична карта, пасош и друго, исто така да скенира своја фотографија, информации за летот и сместувањето, препораки и слични информации. Откако ќе ги пополнат тие информации, поединците во странските претставништва ќе можат да побараат средба и да поднесат барање за е-виза.
Преку електронскиот систем за апликација за визи, апликантите можат да добијат е-визи во кое било време и од кое било место каде што има интернет-конекција, пополнувајќи ги полињата поврзани со нивниот идентитет, патниот документ, датумите на патување, под услов трошоците за е-визата да ја платат преку интернет.
- Процентот на лица задоволни од системот за е-виза е над 90 отсто -
По поднесувањето на барањето, корисниците на системот се прашани за тоа дали се задоволни од системот и од нив се бара да го оценат со поени до 1 до 5.
Од воведувањето на системот до денес, 90,9 отсто од корисниците на услугите го оцениле системот за е-визи со 4 или 5 поени.
Оваа година пак, 93,53 отсто од корисниците го оцениле системот со 4 или 5 поени.
Коментарите за системот се објавуваат редовно од веб-адресата https://www.evisa.gov.tr/comments/.