İlkay Güder
10 Декември 2018•Ажурирај: 11 Декември 2018
АНКАРА (АА) - Фахретин Алтун, шефот за Одделот за комуникации во Кабинетот на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, истакна дека изјавата на министерот за надворешни работи на Саудиска Арабија, Адел ал-Џубеир, дека Саудиска Арабија нема да ги испорача своите државјани осомничени за убиството на новинарот Џамал Кашоги е разочарувачка, пренесува Anadolu Agency (AA).
Алтун за новинаската агенција „Ројтерс“ (Reuters) ја коментираше изјавата на саудискиот министер кога станува збор за екстрадиција на државјани на Саудиска Арабија во Турција, за кои постои сомнение дека се вмешани во случајот „Кашоги“.
Тој потсети дека Кашоги на подол начин е убиен во Истанбул, и дека неговото тело е исечено на парчиња.
„Саудиските разузнавачи, меѓу кои и експерт за обдукција, дојдоа во Турција да го изведат ова убиство. Очигледно е дека генералниот конзул на Саудиска Арабија во Истанбул е соучесник во ова злосторство. Крајно природно е во вакви околности, на убијците да им се суди пред турските судови“, рече Алтун.
Тој додаде дека барањето на Турција за екстрадиција им даде можност на судските органи да му покажат на светот дека се подготвени да ги откријат сите детали за убиството на Кашоги.
Алтун нагласи дека одбивањето на испорачувањето на убијците на Кашоги само ќе ги оправда наводите на оние кои Саудиска Арабија ја обвинуваат Саудиска Арабија за прикривање на убиство.