Muhammed Enes Can
31 Октомври 2018•Ажурирај: 01 Ноември 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - „Според претходно планирање, жртвата Џамал Кашоги бил убиен со давење веднаш штом влегол во Конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул, каде што на 2 октомври 2018 година влезе за документација за брак. Неговиот труп е исечен на парчиња и уништен откако бил убиен со давење по претходно извршен план“, се наведува во соопштението на Истанбулското републичко обвинителство, пренесува Anadolu Agency (AA).
Истанбулското републичко обвинителство објави писмено соопштение во врска со истрагата за убиството на саудискиот новинар на „Вашингтон пост“, Џамал Кашоги, во саудискиот Конзулат во Истанбул, и за посетата на главниот јавен обвинител на Кралството Саудиска Арабија, Сауд ел Муџеб, во Истанбулското републичко обвинителство.
Во соопштението се потсетува дека во рамки на истрагата за убиството на Кашоги, надлежните органи на Турција и Кралството Саудиска Арабија се договорија за испитување и истражување на крволочниот случај од сите аспекти, како и за откривање на сите детали, и судење на лицата кои го извршија и планираа овој случај.
Според ова соопштение, во рамки на постигнатиот договор, саудискиот главен јавен обвинител Ел Муџеб и неговата делегација на 28 октомври 2018 година пристигнаа во Турција, а на 29 октомври извршија работна посета на Истанбулското републичко обвинителство.
„На оваа средба е истакнато дека новинарот Џамал Кашоги е убиен на територијата на Република Турција, и дека според правните прописи на Република Турција и генералните принципи на универзалните закони, надлежноста за вршење истрага и судење ѝ припаѓаат на Република Турција. Повторено е барањето за екстрадиција во нашата земја на осомничениот за кого е соопштено дека е приведен во Саудиска Арабија“, се наведува во ова соопштение, и се додава:
„За време на истата средба, поставено е прашањето каде е трупот на Кашоги, дали има некој наод откриен во рамки на нивната истрага во врска со фазата на планирање на убиството на Кашоги за кого во рамки на истрагата на нашето Републичко обвинителство е откриено дека бил планирано убиен, и кое е лицето кое во јавноста се појави како локален соработник, и овие прашања истиот ден им се испратени во писмена форма. Делегацијата на Саудиска Арабија на 30 октомври 2018 година повторно го посети нашето Републичко обвинителство, и за време на оваа средба ѝ се упатени истите прашања, за кои е нагласено дека се чека одговор, додека главниот јавен обвинител на Саудиска Арабија истакна дека истиот ден ќе се одговори на овие прашања.“
- „Не е постигнат конкретен резултат од средбите“
Во ова соопштение се истакнува дека Главното обвинителство на Кралството Саудиска Арабија, на 31 октомври 2018 година испрати писмо со одговори за поставените прашања до Истанбулското републичко обвинителство, во кое се наведува следното:
„Истанбулскиот главен републички обвинител и неговата делегација се повикани во Саудиска Арабија заедно со доказите откриени во рамки на истрагата. Се вели дека судбината на трупот ќе може да се открие во рамки на истрагата која ќе се реализира заедно со Саудиска Арабија, дека како резултат на истрагата ќе може да се открие дали убиството на Џамал Кашоги е планирано, и дека властите од Саудиска Арабија не дадоа изјава за постоењето на локален соработник во убиството на Кашоги", се наведува во соопштението.
Се додава дека покрај сите добронамерни напори на Обвинителството за разјаснување на вистината во оваа фаза, на средбите не е добиен конкретен резултат.
Во врска со тоа, во рамки на доказите откриени во истрагата реализирана од страна на Републичкото обвинителство, со јавноста се споделуваат следните точки во врска со сериозноста на случајот:
„Според претходно планирање, жртвата Џамал Кашоги бил убиен со давење веднаш штом влегол во Конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул, каде што на 2 октомври 2018 година влезе за документација за брак. Трупот на жртвата Џамал Кашоги е исечен на парчиња и уништен, откако бил убиен со давење по претходно извршен план", соопшти Републичкото обвинителство.
Како резултат со сите димензии, во тек е истрагата на обвинителството која започна веднаш откако едно негово блиско лице до надлежните органи пријави дека жртвата Џамал Кашоги не излегол од зградата на Конзулатот, иако поминало долго време по неговото влегување.