Ali Semerci
30 Јуни 2018•Ажурирај: 01 Јули 2018
ГАЗА (АА) - Двајца Палестинци, вклучувајќи и 13-годишно момче, убиени се вчера кога израелските војници отвориле оган врз нив во близина на градот Кан Јунис, на границата на Појасот Газа, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на Министерството за здравство на Палестина, Ашраф ал Кудра, изјави дека момчето Јасер Абу ал Наја, починало од последица на ранување во пределот на главата.
Мохамед Фавзи Хамајде (24) им подлегна на раните, набрзо откако израелските војници го застрелаа во пределот на градниот кош.
Ал Кудра истака дека вчера биле ранети најмалку 310 Палестинци, вклучувајќи тројца медицински работници и шест деца, додавајќи дека биле ранети со боеви куршуми или дека вдишиле солзавец, во текот на судирите со израелските војници кои избија за време на протестите во близина на границата со Израел.
Повеќе од 130 лица се пренесени во болница, а тројца од нив се здобиле со потешки повреди.
Денешните протести, за разлика од оние во мај кога демонстрираа десетици илјади луѓе, не беа толку масовни.
Тензиите на Блискиот Исток додатно се интензивирани по преместувањето на Американската амбасада во Ерусалим (Кудс), кој Израел го окупираше во 1967 година.
Илјадници Палестинци од крајот на март на границата на Газа протестираат поради израелската окупација и бараат право на враќање на својата земја. Израелските сили убија најмалку 130, а ранија повеќе од 14.000 палестински демонстранти.