Fatih Erel
10 Декември 2018•Ажурирај: 11 Декември 2018
АНТАЛИЈА (АА) - Турското медитеранско туристичко место Анталија оваа година е домаќин на околу 120.000 голф-играчи од 30 земји во светот, јавува Anadolu Agency (AA).
Меѓународната асоцијација на оператори за голф-туризам на Турција и претседателот на Клубот за голф во Анталија, Џахит Шахин, за АА соопштија дека во моментов има 16 терени за голф во градот Белек, Анталија.

Шахин истакна дека голф-туризмот е пазар во развој за Турција.
„Овој вид туризам создаде дополнителна вредност од 125 милиони евра за Турција“, додаде тој, нагласувајќи дека секој играч на голф потрошил околу 1.000 евра во Турција.

Сезоната на голф-туризмот во Турција започнува во септември и трае сè до крајот на мај.

Споменувајќи ги и околу 60-те милиони аматерски играчи на голф во светот, Шахин истакна дека Турција како дестинација ги привлекува меѓународните играчи на голф со своите турнири кога студеното време преовладува во Европа, особено во северна Европа.