Турција

„Никој повеќе не може да ѝ држи лекции на Турција за демократијата“

Ердоган нагласи дека оние што се преправале дека ги поддржуваат човековите права за време на протестите во паркот „Гези“ во Турција, се слепи, глуви и неми кога станува збор за протестите во Париз.

Diyar Güldoğan  | 10.12.2018 - Обновена : 11.12.2018
„Никој повеќе не може да ѝ држи лекции на Турција за демократијата“

Ankara

АНКАРА (АА) - Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, денес истакна дека никој не може да ѝ држи лекции на Турција за демократијата и човековите права, јавува Anadolu Agency (AA).

„Никој не може ѝ држи лекции на нашата земја за демократијата, човековите права и слободи“, рече Ердоган во своето обраќање на настанот насловен „Цивилизацијата на човештвото“, по повод одбележувањето на 70-годишнината од усвојувањето на Универзалната декларација за човекови права.

Ердоган нагласи дека ставот против обидот за државен удар во 2016 година и братството што Турција го покажува кон милионите бегалци се доволни за да се покаже однесувањето на Турција во однос на почитувањето на човековите права и демократијата.

„Отсега натаму, Турција дефинитивно не е местото каде што може да се сретнат проблеми поврзани со демократијата и човековите права“, додаде тој.

Ердоган нагласи дека оние што се преправале дека ги поддржуваат човековите права за време на протестите во паркот „Гези“ во Турција, се слепи, глуви и неми кога станува збор за протестите во Париз.

Во летото 2013 година, релативно малите демонстрации во истанбулскиот парк „Гези“ прераснаа во бран протести против власта, во кои загинаа осум демонстранти и еден полицаец.

„Го „запаливте“ светот за време на протестите во Гези, зошто? Затоа што беа во Турција? Ајде да пренесуваме на ист начин“, рече Ердоган, повикувајќи го светот да емитува визуелни слики и снимки од протестите во Париз.

Од 17 ноември илјадници демонстранти се собираат во големите француски градови, вклучувајќи го и главниот град Париз, во знак на протест поради зголемувањата на данокот на горивата од страна на францускиот претседател Емануел Макрон, и поради влошената економска состојба.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın