Diyar Güldoğan
10 Декември 2018•Ажурирај: 10 Декември 2018
АНКАРА (АА) - Најмалку 26 терористи на ПКК се неутрализирани во антитерористичките операции низ цела Турција во текот на изминатата недела, соопшти денес турското Министерство за внатрешни работи, пренесува Anadolu Agency (AA).
Министерството објави дека во периодот од 3 до 10 декември спроведени се вкупно 2.817 антитерористички операции.
Еден терорист е убиен, 19 се заробени, додека шестмина се предале на турските безбедносни сили.
Безбедносните сили заплениле две рачни гранати, 428 килограми експлозивен материјал, четири импровизирани експлозиви, 21 парче долгоцевно огнено оружје и 2.027 парчиња муниција.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации на Турција, САД и ЕУ, е одговорна за смртта на речиси 40.000 луѓе, вклучувајќи и жени и деца.
Безбедносните сили во текот на наведениот период уапсиле 3.290 лица осомничени за дела поврзани со дрога и шверц, 926 за потпомагање на терористички организации и поттикнување и 187 лица осомничени за трговија со луѓе.
На територијата на Турција во текот на изминатата недела фатени се вкупно 4.567 илегални мигранти.